Возило на фирма за превоз на пари “Henderson“ денес било ограбено во местото Дрен, недалеку од Лепосавич, а тројца вработени во таа фирма биле повредени во текот на нападот и моментално се наоѓаат во Клинички центар во северна Митровица.
Во моментот на напад дошло до судир помеѓу крадците и обезбедувањето на фирмата “Henderson“, а во целост изгореле три возила, комбе и два патнички автомобили кои на крадците им послужиле за попречување на магистралниот пат, пишуваат од “Косово онлајн“.

Сè уште не се знае за колку пари станува збор, а има сомнежи дека напаѓачите побегнале со две комбиња во правец на Копаоник.

Сообраќајот во местото Дрен е блокиран.
Возилата од фирмата “Henderson“ два пати претходно биле мета на грабеж во тој дел, односно во северно Косово.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















