Сите пациенти, односно 65 проценти од новозаразените се поврзани од познат случај, а од нив 90 проценти спаѓаат во 41 калстер- рече Филипче.
Рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
-Целата недела се правеа тестирањеа во кризните региони, бројките се резултат на тоа, таквото таргетирано тестирање беше рана дијагностика за навремена изоилација на сите контакти кои се носители на вирусот. Се покажа дека најголем број од заболените се заразени на семејни прослави, па со ваквата стратегија ги изолиравме сите контакти на заболените. Полицискиот час за викендов дозволи брзо тестирање, има подобра соработка со граѓаните, епидемиолозите побрзо пристапија и тестираа- рече Филипче.
Лесна клиничка слика има кај повеќето новозаразени пациенти, потенцираше Филипче.
-Сите пациенти, односно 65 проценти од новозаразените се поврзани од познат случај, а од нив 90 проценти спаѓаат во 41 калстер- рече Филипче.
Во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19, оздравени се седум пациенти.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.152, бројката на оздравени пациенти е 1.653, на починати е 156, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1343.