Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека ако евентуално мерките не даваат резултати се размислува за целосно затворање на угостителските објекти неколку часови порано од тоа што е сега или целосно затворање на објектите каде што се одржуваат културни настани.
„Следиме каков резултат ќе имаат новите мерки од коишто очекуваме да ја намалат трансмисијата на вирусот и ги споменав мерките што би ги вовеле во следните денови, доколку нема значително подобрување“, рече Филипче во телевизиско гостување.
Според министерот за здравство, во овие моменти не е најбитно прашањето за новооткриените позитивни случаи, туку за капацитетот на болниците и бројот на лекари и медицински сестри. Вели дека има доволен број кревети и оти нема да се дозволи да се случи пациент да не може да биде примен во болница поради тоа што нема кревет.
„Можно е да има само подолго чекање, доколку има поголем број на пациенти, затоа ние оспособуваме сега екстра болнички капацитети и во Клиничкиот центар и во болницата 8 Септември и низ сите во градовите во земјата, во сите инфективни и интернистички одделенија“, изјави Филипче.


![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-218x150.jpg)































![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-100x70.jpg)

