“Фајзер”: Веќе работиме на нова вакцина, а еве по што ќе се разликува од актуелната

496

Додека светот уште чека одобрение за првата, “Фајзер” веќе работи на втора вакцина.

Фајзер работи на нов облик на експериментална вакцина против коронавирус, која ќе може да се чува во обичен фрижидер.

Моменталната вакцина која ја лансирале мора да се чува на -70 степени Целзиусови, така што нејзиниот транспорт бара многу труд, но и финансиски средства.

На настанот кој вчера го приредила Меѓународната федерација на фармацевтски произведувачи и здруженија, извршниот директор на компанијата “Фајзер” Алберт Бурлас открил дека во тек е работа на вакцина која нема да мора да се чува на вака екстремно ниски температури.

“Работиме на нова композиција која ќе може да избегне чување на -70 степени и ќе може да се чува во обичен фрижидер”, рекол тој.

Што се однесува до актуелната вакцина, “Фајзер” и “Бионтек” проценуваат дека ќе можат да дистрибуираат 50 милиони дози до крајот на годината и 1.3 милијарди до крајот на 2021-ва.

Бурлас исто така ги повикал Американците да се вакцинираат и да не станат слабата врска која го овозможува ширењето на вирусот.

Воедно потсетил и дека вчера американската Управа за храна и лекови објавила анализа на податоци од клинички истражувања кои потврдуваат дека вакцините на “Фајзер” и “Бионтек” ги исполнуваат сите барања за безбедност и ефикасност.