Езерото Треска замина во историјата

115

На местото на некогашното рекреативно езеро на периферијата на Скопје денеска можеа да се видат само рушевини и кози кои шетаа по остатоците од некогашната гордост на скопјани. Еве што забележа нашиот објектив.

Тешка механизација и група кози во потрага по храна во студените зимски месеци денеска беа главна сензација на просторот каде некогаш се наоѓаа објектите во рамките на Рекреативниот центар Треска.

Nordmazedonien Abriss der Erholungszentrum Treska in der Nähe von SkopjeНекогашното езеро Треска

Општина Сарај, под чија надлежност е езерото Треска, денеска започна со уривање и расчистување на сите објекти кои некогаш го красеа излетничкото место.

Nordmazedonien Abriss der Erholungszentrum Treska in der Nähe von Skopje

Нема веќе приколки, бунгалови, кафулиња, ресторани, тоалети, а од езерото зјае само бетонска дупка која, веројатно, наскоро исто така ќе ја нема.

Nordmazedonien Abriss der Erholungszentrum Treska in der Nähe von SkopjeКози во потрага по храна во езерото Треска

Рекреативниот центар беше изграден во 1978 година со самопридонес, а своите златни години ги имаше во текот на 1980-те и 1990-те, кога илјадници граѓани, особено во летните месеци го користеа за бегство од градските метежи и летните жештини.

Nordmazedonien Abriss der Erholungszentrum Treska in der Nähe von SkopjeОстатоци од некогашните бунгалови и приколки

Езерото беше затворено во 1998 година и оттогаш пропаѓа. Бројните најави и обиди да се приватизира и повторно да се отвори Центарот- никогаш не вродија со плод.

Nordmazedonien Abriss der Erholungszentrum Treska in der Nähe von Skopje

Градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети пред еден месец за сакамдакажам.мк изјави дека планира на местото на некогашниот излетнички центар да изгради хотелски комплекси и викенд населба.

Nordmazedonien Abriss der Erholungszentrum Treska in der Nähe von Skopje