Откако одново беа преброени гласовите во Истанбул, се покажа дека на локалните избори опозицијата сепак ја победи владеачката партија на Реџеп Таип Ердоган во најважниот турски град.
Опозицискиот кандидат за градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу изјави денес дека има предност од 18,742 гласови во однос на неговиот противкандидат од владеачката партија „АКП“ – Бинали Јилдирим.
Ова биле резултатите после новото пребројување на гласовите во 17 од 39 изборни окрузи во најголемиот град на Турција, откако партијата на Ердоган поднесе жалби после првичните резултати.

Имамоглу, кандидат на Републиканската народна партија, изјави дека повторно биле преброени 119,652 неважечки гласови и дека 2,184 гласа биле додадени на кандидатот на владеачката партија на претседателот Реџеп Таип Ердоган, а 785 на неговата партија.
Партијата за Правда и развој на Турција ги оспори резултатите во Анкара и Истанбул, тврдејќи дека изборните нерегуларности и грешките на гласачките места влијаеле на исходот на изборите, поради што одново беа пребројувани гласовите во тие градови.