Еден новинар, на својот Инстаграм профил неодамна напишал дека Емили Ратајковски е „најлоша, најнепростојна и најтешка славна личност која некогаш ја запознал или интервјуирал“, а неговата објава дошла и до славната манекенка.
На неговите зборови Емили не останала рамнодушна. Таа се огласила во порака на Инстаграм, која кружи низ британските медиуми. „Ужасно разочарувачки е тоа што во 2018-та година, една жена е нарекувана тешка, бидејќи донела професионална одлука за да се заштити себеси. Да се обидуваш да оцрниш жена само затоа што не сакала да зборува со тебе? Би рекла дека тоа е класичен сексизам“, напишала Емили во пораката која ја испратила на засега непознат примач, пренесува „Daily Mail Australia“.
Новинарот подоцна во разговор за порталот „Мamamia“, рекол дека Емили доцнела на интервју со него, а не се извинила за тоа, иако тој тоа го очекувал. „Само ми се обрати на многу непристоен начин“, тврди тој.
Во одбрана на славната манекенка, застанал и нејзиниот колега Џордан Барет, кој рекол дека Емили секогаш е многу пристојна кон новинарите, „иако ја влечат на сите страни“, како што тврди тој. „Само го правеше тоа што ѝ беше кажано, не беше непристојна. Таа е скапоцена манекенка која премногу работи и многу е искрена“, додал тој.