Елена Велевска дефинитивно е една од најзгодните фолкерки на домашен терен. Освен со стас, може да се пофали и со глас, а потврда за тоа е набиената агенда на настапи која ја има.
Сепак, Велевска вели дека иако јавноста ја доживува како секс-симбол, таа во приватниот живот воопшто не е провокативна и иако на сцена носи халтери и подвезици, по дома се шета исклучиво во пиџами.
“На сцена сум една, а приватно сум сосема друга личност. Едноставно, работата бара од мене кога настапувам да бидам провокативна, не залудно рекле дека за да бидеш успешен мора да имаш и глас и стас. Приватно во принцип се облекувам кежуал и најдобро се чувствувам во тренерки, но кога сум на сцена морам да бидам секси”, објасни фолкерката и додаде дека нејзиниот сопруг нема проблем со голотијата.

“Сопругот ја разбира мојата работа, знае што значи да се биде пејачка и не му пречи голотијата и мојот начин на облекување. Поради тоа и толку години сме заедно, среќна сум што имам таков маж покрај мене”, потенцираше Велевска која наскоро ќе ја изненади јавноста со неколку музички новитети.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















