Во рамките на емисијата „Celebrity IOU“, Бред Пит реновираше дел од домот на својата долгогодишна пријателка и мејкап артистка Џин Блек.
Холивудскиот актер тврди дека Џин е личност која многу влијаела на неговиот живот, па со овој гест цели барем малку да ѝ се заблагодари. Бред и Џин соработуваат веќе 30 години и заедно работеле на околу 40 филмови.
„Таа ми е семејство, ние сме брат и сестра. Таа е личност која ја ценам многу во животот“ – изјавил Пит.
Заедно со телевизиската екипа и браќата Џонатан и Дру Скот, Пит ја претвори гаражата на Џин во прекрасна гостинска куќарка, а ѝ направија и одлично студио за шминкање.
„Знам дека дарежливоста на Бред е огромна, но ова што го направи е многу повеќе отколку што некогаш мислев дека може да се случи“ – вели трогнатата шминкерка во видеото.
















![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)
























