„Ѕирнете“ во првиот светски хотел од злато – гламур и фантазија во едно

419

Досега многу од светските медиуми пишуваа за првиот позлатен хотел на светот, а овојпат имаме можност и да „ѕирнеме“ во него.

Хотелот е сместен во Ханој, а го добил името „The Dolce by Wyndham Hanoi Golden Lake“.

Доколку сакате да уживате во чистата раскош треба да знаете дека овој хотел нема да ве разочара на ниту едно поле, туку ќе ве опие со неверојатната доза злато и сјај.

Поговорката гласи: „Не е злато сè што сјае“, во овој случај тоа не е точно – од шолја за кафе, до када, тоалет, па сè до неверојатниот инфинити базен на кровот кој што е декориран со позлатени плочки – сè е во знакот на луксузот и златото.

Овој хотел има 25 ката, а на своите гости им нуди 441 соба, додека пак за неговото градење биле потрошени 200 милиони долари. Неговиот инфинити базен делува како да потекнува од фантазиите, а ви нуди и совршен поглед кон градот.

Хотелското лоби веднаш ќе ви даде до знаење за какво искуство треба да се подготвите затоа што е декорирано со злато и многубројни детали.

Хотелот изобилува со златен гламур, не само во својот ентериер туку и во сите детали од кои што е составен, тушевите, чешмите, па дури и приборот за јадење.