На почетокот на месец декември материјалниот свет го напушти отецот Јефрем, прочуениот монах од Аризона кој целиот свој живот служел во Американската архиепископија на Цариградската патријаршија.
Православните веруваат дека Јефрем бил одреден со пророчки дар, а многу од неговите пророштва наводно се исполниле. Едно од нив е поврзано со неговата сопствена смрт, а тоа пророштво со денови е тема во сите светски медиуми.
Отец Јефрем ја предвидел својата смрт, велејќи дека ќе отиде на небото пред Нова година што и се случило. Според зборовите на овој монах два месеци по неговата смрт ќе почне војна каква што сè уште не сме виделе.
Father Ephraim of Arizona has fallen asleep in the Lord. May his memory be eternal. pic.twitter.com/oDaDmM2DLo
— Orthodoxy in Dialogue (@OrthoDialogue) December 8, 2019
Целта на овој текст не е потврдување на неговото пророштво и секој еден од нас е слободен во што сака да верува.
Но, и покрај скептицизмот сакаме вниманието да го насочиме и кон уште еден пример .
Неколку денови по смртта на отецот во манастирот Свети Антониј во Аризона, монахот Илија одмарал по напорниот ден. Таа ноќ на сон му се јавил покојниот Јефрем и му рекол: „Немој да се грижиш наскоро ќе бидеш со нас“.
Шест денови подоцна починал и отецот Илија.