Познатата пејачка Северина и членови од нејзиното семејство го пријавиле поранешното момче на нејзината внука од сестра за киднапирање и држење во заложништво, под закана со оружје.
Овој немил настан наводно се случил пред помалку од две години, а судските рочишта сe уште траат.
Тогашниот дечко чиј што идентитет се уште не се открива во јавноста од внуката на Северина се обидел да изнуди 30.000 евра, но таа немала да му даде, па поради тоа ја држел три дена во хотелска соба, под постојана закана со пиштол.
За среќа, не ја повредил, но преживеала огромна траума.
Момчето и е познато на хрватската полиција поради повеќе ситни криминали, а е и главен осомничен дека го хакирал компјутерот на Северина и ги пуштил во јавноста разголените фотографии кои минатата година ги објавија повеќе медиуми.
Проблемите почнале откако парот раскинал, а момчето ги уценувало повеќето членови на семејството Вучковиќ, пробувајќи од нив да изнудува пари.