Докторката Нина Цаца Билјановска која што беше сменета од директорската позиција на Државната клиника за кожни болести поради тоа што на почетокот од епидемијата криеше дека била во Италија и имала симптоми на коронавирусот, се врати на работното место, потврдуваат од клиниката за „ТВ24“.
Билјановска заработи кривична пријава од полицијата, а Основното јавно обвинителство Скопје предложи да биде казнета со парична казна во висина од 10 илјади евра.
Лекарската комора чека правосилна пресуда по што ќе одлучува дали ќе ѝ биде одземена лиценцата за работа, а во меѓувреме докторката се врати на клиниката.

Цаца Билјановска беше четвритиот пациент позитивен на коронавирусот во Македонија. Откако се утврди дека е позитивна целата клиника беше ставена под клуч, а нејзните колеги беа ставени во изолација.
Ваквото однесување на докторката тогаш го осуди министерот за здравство и колегите од фелата.







![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)










![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-100x70.jpeg)


