Доктори поради коронавирусот морале да ја откажат венчавката, па се венчале во болница

172

Докторот Мајкл Сан и неговата вереница, исто така докторка, Шелун Тсаи, морале да ја откажат долгопланираната венчавка поради пандемијата на коронаврусот.

Сепак, одлучиле да одржат мала церемонија во болницата во која двајцата работат. Ставиле маски, импровизиран вел, а на болничка количка ставиле натпис „Штотуку венчани“. Единствени гости на венчавката биле колегите, а семејството и пријателите сето тоа го следеле преку видеоповик.

Шелун рекла дека таа и Мајкл се вериле во 2016-та година, а големата венчавка требало да се одржи во Северна Каролина во неделата.

„Колегите знаеја дека ја откажавме венчавката и кога дојдовме на работа во неделата, им открив дека планираниот датум беше токму тој, 11-ти април. Одеднаш сите се собраа, ми направија вел, па цвеќе и секој се обидуваше на некој начин да допринесе со нешто. Подготовките започнаа во 8 часот наутро, па после нега на пациентите ја подготвуваа венчавката“, открила Шелун за „Good Morning America“.

Колегите дури им подготвиле и импровизиран свадбен апартман, а една медицинска сестра ја водела службата. Преку видеоповик церемонијата ја следеле 12 членови на семејството и пријателите.

„Беше апсолутно неверојатно. Секојдневно се грижиме за пациентите и драго ми е што колегите покажаа дека и тоа како се грижиме едни за други. Тие се моето семејство. Беше навистина емотивно“, заклучила Шелун.

Парот планира законски да стапи во брак во ноември.