Мозочниот удар, познат и како шлог, е акутна состојба која настанува како последица на прекин на дотокот на крв во мозокот, што доведува до оштетување на мозочните клетки и губење на мозочните функции.
Може да биде предизвикан од исхемија (затнување на крвен сад) или крвавење (прскање на крвен сад).
Симптомите се ненадејни и вклучуваат слабост или трнење на една страна од телото, проблем со говорот, видот, рамнотежата и силна главоболка.
Оваа итна медицинска состојба бара брза интервенција, а често е предизвикана од „запоставен“ начин на живот.
Меѓутоа, една терапевтка чиј пациент доживеат мозочен удар открила неверојатна причина поради што дошло до тоа.
Имено, нејзиниот пациент бил „совршен“: вежбал, пиел вода, внесувал витамини, не консумирал многу шеќер. Сепак, еден ден паднал во кујната, дијагноза – мозочен удар.
Докторите не можеле да веруваат: „Неговите резултати изгледаат како кај тинејџер“.
Сепак, дури подоцна откриле една навика: секоја вечер тој седел во тишина и премногу размислувал.
Не само размислувањето туку и бескрајното преиспитување – повторување ситуации, преживување конфликти, обвинување себеси, замислување што требало да каже… Тој го имал тој ритуал на постојано самоиспитување.
Лежел во кревет и внатрешното искушение започнувало.
Оваа состојба се нарекува симпатичка хипервозбуденост, дури и во текот на ноќта телото останува во состојба на висока подготвеност. Крвниот притисок се зголемува и се намалува. Микроспазмите се таложат. Срцето работи на празен тек. Спиете… Но, вашето тело вреска. И еден ден, крвните садови едноставно откажуваат.
Тој не знаел дека мозокот не се само мислите. Тоа е биоелектричен систем, а опсесивното размислување го преоптоварува повеќе од шеќерот или брзата храна.
Сега овој пациент оди бавно, неговиот говор сѐ уште не закрепнал целосно, но најважно – си забранил себеси да влегува во опсесивно размислување.
Сега разговара со пријателите, со терапевтите и пишува дневник затоа што сѐ што е внатре во вас, мора да излезе на површина, во спротивно ќе го изеде вашиот живот однатре.







![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)










![[ВИДЕО] Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/FQZg1-screenshot-2025-11-10-064411-218x150.jpg)
![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)





















