„Добредојде во нашето друштво на виролози“: Италијанскиот доктор го прозва Роналдо откако напиша дека ПЦР тестот е с*ање

152

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо не можеше да игра против Барселона во Лигата на шампиони бидејќи сè уште е позитивен на коронавирусот, иако е без симптоми.

Роналдо се заразил со Ковид-19 уште пред две недели на собирот на репрезентацијата, а за позитивниот тест дознал по натпреварот против Франција.

Славниот напаѓач на Јувентус честопати објавува фотографии и снимки од изолацијата, а пред натпреварот против Барселона објавил нова фотографија и во коментари напишал:

„ПЦР тестот е с*ање“, по што набрзо го избришал коментарот, но неговите фанови го забележале.

Ваквиот коментар на фудбалерот пробуди остри реакции кај медицинските лица, а неодамна јавно го прозва и еден италијански доктор.

„Добредојде за колегата Кристијано Роналдо во нашето друштво на виролози. Добро ќе нѝ дојдеш во идниот натпревар против офталмолозите“, му порачал д-р Роберто Буриони.

Роналдо е еден од бројните фудбалери кои се позитивни на коронавирусот, но речиси сите се враќаат многу брзо на теренот додека тој сè уште не добива негативен тест. Португалецот постојано покажува дека секојдневно тренира за да остане во одлична форма.