Ова е сезоната на Близнаците, а со сите нас владее забавна, флертувачка и отворена комуникација.
Близнаците се знак кој сака да учи, да се поврзува и да биде слободен. Време е да го отворите срцето кон нови видици и да си дозволите да чувствувате.
Оваа недела (8-16 јуни) носи убава енергија за 3 хороскопски знаци.
Близнаци – се разбирате себеси на подлабоко ниво
Постојат многу слоеви на вашата личност. Вие сте вистински камелеон кој оваа недела ќе ги открие сите можни начини да се биде среќен. Практикувајте уживање, приспособете се на светот и дозволете му на светот да се приспособи на вам. Носете ја својата вистина со себе и не се плашете да им ја покажете на другите.
Вага – успевате да го отворите своето срце
Наместо да се препуштате на инстинктот кој ви вели да ги криете чувствата, вие оваа недела ќе успеете да го отворите своето срце. Тоа ќе ви помогне да се поврзе со другите на подлабоко ниво. Само треба да го прифатите тоа дека сите имаат нешто различно што можат да ви понудат, а вие треба да го одберете тоа што највеќе ви одговара.
Водолија – сонувате, но и ги остварувате своите соништа
Вашиот ум трча на сите страни. Можеби ви е тешко да се фокусирате, но вие сонувате со отворени очи. Најдете време за интроспекција и да сфатите што ви е потребно оваа седмица.