“До крајот, се до рајот да дишеме во еден здив, до крајот, се до рајот, сами јас и ти…”, се стиховите од темата ” До крајот” за која што Влатко Илиевски снимил и видео пред да почине и токму со овој рефрен го планирал големото враќање на музичката сцена.
Видеото било снимено од “Фабрика продукција” и истото беше објавено на нивниот профил на Фејсбук.
“Премиерно! Последната соработка со Влатко Илиевски. Почивај во мир друже “, стои во објавата.
Инаку Влатко Илиевски беше пронајден мртов во својот автомобил минатиот петок, а уште не се познати во јавноста причините за смртта. Почина на само 33 години.
Освен оваа тема, во студиото кај Владимир Дојчиновски – Дојчин има уште снимени материјали кои најверојатно ќе бидат објавени наскоро.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















