Димитров: Европскиот парламент подготвува резолуција за Македонија

738

Европскиот парламент подготвува нацрт резолуција за Македонија што ќе се разгледува во август, најпрво во комитетот за надворешна политика АФЕТ, а потоа и на пленарна седница, информираше министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој денеска е во работна посета на Европскиот парламент во Стразбур.

Посочи дека тајмингот на неговата посета на ЕП е многу важен.

– Прво конечно ги отвараме европските порти. Тука сум да барам поддршка од Европскиот парламент, институција што долги години многу принципиелно стои зад нашите европски аспирации, изјави Димитров.

Посочи дека посетата на ЕП ја користи да оствари средби со лидерствата на сите политички фамилии.

– Моментот е многу важен и ќе барам од нив поддршка и во однос на нивните главни градови и во однос на сестринските партии. Имаме важна историска шанса во регионот, убаво е да влезат да ни помогнат да ја завршиме работата, изјави Димитров, по средбите со Иво Вајгл од АЛДЕ и Арно Данжан од ЕПП.