Денеска температура до 33 степени

997

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло, попладне на повисоките места ќе има ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 22 до 33 степени, со УВ индексот осум.

Во главниот град ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринава температурата ќе достигне до 15, а дневната до 31 степени.

Утре ќе има изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја, а кон крајот на денот и во сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Во недела ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.