Во вечерашното емитување на емисијата „Само вистина“, гостуваше д-р Вело Марковски кој што даде свое видување за состојбата со коронавирусот во Македонија.
„Реално е вирусот да си ја намали вирулентноста, па може да се надеваме на колективен имунитет. Вакцината не е реално очекување“ – изјави д-р Марковски.
Тој додава:
„Луѓето треба да сфатат дека ова е корона-војна и ние сме исплашени. Колку сме повеќе исплашени, толку повеќе панично реагираме и носиме полоши решенија“ – смета д-р Вело Марковски.
За него, според моменталните бројки, но и претходните, околу 25 отсто од населението во Македонија имало контакт со вирусот.
„Според моето мислење, но и мислењето на многу епидемиолози, потребни се 30 до 40 проценти за да имаме заштита во колективен имунитет. Мислам дека многу брзо ќе постигнеме таков имунитет и после 20-ти, 25-ти јуни ќе имаме драстично намалување во бројот на заразени“ – вели д-р Марковски.














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















