Црвенковски се враќа во политиката со нова партија?

370

Поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој 20 години беше на чело на оваа партија, наводно би можел да формира нов политички субјект за настап на локалните избори во втората половина во октомври.

Засега од СДСМ не ги коментираат овие гласини, а гласноговорникот Богданка Кузеска денеска единствено рекла дека во земјава секој е слободен да се натпреварува со своја политичка понуда.

Се зборува дека поранешниот премиер и претседател на македонија ќе формира партија заедно со незадоволните од СДСМ.

За гласините за враќање на Црвенковски, наводно потврдени од неколку извори, во јануари годинава пишуваше и порталот „Фактор“. Црвенковски, пак, тогаш категорично демантираше дека е вклучен во било какви политички активности и порача дека останува на ставот да не ги коментира политичките случувања во земјава.