Чупиќ: Македонија и Вардар ми дадоа многу, не е се во парите од богатите клубови

49

Хрватскиот интернационаелц Иван Чупиќ е еден од милениците на македонската ракометна јавност. Два пати ја освојуваше Лигата на шампионите со Вардар и во двата финални натпревари го постигнуваше голот кој што го решавеше победникот. Тој во интервју за хрватскиот „индекс.хр“ говореше за неговата љубов кон Скопје и Македонија.

„Мене Македонија ми даде многу, но и дадов и јас на неа и на Вардар. Блиски сме со менталитетот, а и блиску ми е Хрватска. Овде со мене се и мојата жена и моите деца кои одат во градинка и училиште. Кога ќе дојдеш во некои години кога играњето во топ клубовите во кои се заработува најголема плата не е најважното нешто на светот, тогаш си многу посреќен. Јас овде постигнав големи успеси. Два пати бев шампион на Европа и тука навистина многу ме ценат и многу ми дадоа и државата и клубот. Семејството ми е среќно во Скопје и се додека е така јас сум среќен. Не можам да кажам дека нешто ми недостига во Скопје“, вели  Чупиќ.

Чупиќ смета дека пандемијата од коронавирусот многу го погодила ракометот, но дека Македонија е земја во која ракометот е број еден и дека хрватските ракометари се прекрасно примени од македонскиот народ.

„Пандемијата многу го погоди ракометот во светот. Но, за разлика од другите земји во Македонија ракометот е спорт број еден, а не фудбалот. Тоа го привлекува секој ракометар, а лигата со Еурофарм и Металург ќе биде многу интересна. Хрватските ракометари се чувствуваат одлично во Македонија. Македонците се добри и топли луѓе и не имаат прифатено како свои“, додава Чупиќ.

Тој во интервјуто говореше и за големиот број одложени натпревари кои ги имаше на стартот тимот поради целата ситуација со коронавирусот во ракометните клубови во Европа.

„Нормално го одигравме првиот натпревар во Лигата на шампионите, но потоа следуваа проблемите. Прво беше одложено првото коло во СЕХА лигата, а потоа ни ги откажаа и следните два натпревари во Лигата на шампионите. Месец дена имавме од првиот натпревар со Мешков Брест, до овој со Фленсбург. Испаднавме од ритам и затоа се надополнувавме со многу повеќе тренинзи“, заврши Чупиќ.