Компресивните чорапи го нормализираат крвотокот и наедно го регулираат дишењето во текот на сонот. Ако некому му помагаат – зошто да не ги пробате?
Ова има смисла бидејќи ’рчењето е поврзано со работата на срцето, поточно со циркулацијата, притисокот, пулсот, дишењето…
Научници од Русија извеле експеримент со 50 мажи што ’рчат. Половина од нив две недели секојдневно носеле компресивни чорапи, а другите носеле обични.
Резултатот бил следниот: кај мажите од групата со компресивни чорапи, благодарение на нормализацијата на крвотокот, ’рчењето се намалило за 50%. Во исто време, учесниците во другата група и понатаму интензивно ’рчеле.
Па, ако ова помага, зошто да не го пробате?!
Според статистиката, по 30-та година секој петти човек ’рчи. А по 65-та – секој втор. Тоа запирање на дишењето во сон е опасно. Затоа се советува да се испитате за да ја пронајдете причината за ’рчењето и да се потрудите да го решите тој проблем.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















