Чиро Блажевиќ: Примив руска вакцина во Србија и сега личам на Путин!

556

Легендарниот хрватски тренер Чиро Блажевиќ прими вакцина против коронавирус, а тоа беше доволно да направи вистинско шоу на неговото интервју.

Блажевиќ кажа дека се вакцинирал во Србија, каде што ја примил руската вакцина „Спутник 5“.

„Не сум се туркал преку ред, не сакам! Да го направив тоа, сега ќе ми е*ат мајката. Убаво си отидов таму кога можев и се вакцинирав и можам да ти кажам, кога ќе се погледнам во огледало, сѐ повеќе личам на Путин! Ми расте руса коса, баш е прекрасна, уште само да го извежбам неговиот поглед, и тоа е тоа. Нема да одам повторно. Ми извадија и крв да видат како ќе реагирам на вакцината, најверојатно тест на антитела. И како реагирав? Така што морам брадата секаде да ја бричам, таа расте како на Дража Михајловиќ…“, вели легендарниот хрватски тренер.