Во Општина Струмица во тек се подготовките за Струмички карневал – 30 години ѕвезда под небото, кој ќе се одржи од 26-ти февруари до 4-ти март.
Настанот кој што привлекува голем број на посетители од регионот ќе започне наредната среда со отворање на карневалските денови и предавање на клучот на градот на карневалистите од страна на градоначалникот.Предвидени се голем број на културни настани, изложби, концерти под маски и избор на принц и принцеза на карневалот.

Интернационалната карневалска поворка ќе се случува во сабота, со почеток од 18.30 часот, на булевар ,,Маршал Тито” и плоштад ,,Гоце Делчев”.

Настанот ќе заврши во среда, на 4-ти март, со враќање на клучот од карневалистите на градоначалникот Коста Јаневски.
И годинава се очекуваат голем број на посетители и исполнување на хотелските капацитети. Помеѓу најредовните гости на карневалот од страна, традиционално се жителите на соседна Бугарија.
Лани, посетители од Сандански, Бугарија, за време на карневалот ни изјавија дека се редовни секоја година и за ништо не би го пропуштиле доживувањето.
-Ова е Рио де Жанеиро на Балканот – задоволни коментираа.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











