Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, му возврати на премиерот Зоран Заев кој вчера на Фејсбук се заблагодари за најавената донација на вакцини против Ковид-19, повторувајќи дека тие секогаш се тука да им помогнат на соседите и пријателите.
„Ние секогаш сме подготвени да им помогнеме на нашите најблиски соседи и пријатели. Ова му го кажав на премиерот Зоран Заев, кој ни се заблагодари за подготвеноста да им помогнеме во обезбедувањето вакцина против ковид-19. Ситуацијата е навистина тешка и треба да се поддржуваме и да сме солидарни едни со други. Секој живот е важен и ќе вложиме максимални напори да го зачуваме“, напиша Борисов на Фејсбук.
Бугарската влада на седница, на која присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче, одлучи дел од секоја пратка на вакцините кои дги купила од производителите, да ги донира за Северна Македонија.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















