“Бомба” од Боинг: Знаеле за проблемот една година пред падот на авионот

811

“Боинг” признал дека знаел за проблемот со авионите “737 Max” една година пред двата авиони да ја доживеат фаталната несреќа, но дека не било ништо преземено.

Компанијата соопштила дека ненамерно направила аларм кој известува за проблем со сензорите кои го мерат аголот на летање како дополнителна опција наместо стандардната, но инсистирала дека тоа не ја загрозува безбедноста при летањето.

Аголот на летање на авионот е идентификуван како фактор за двете несреќи, а во “Боинг” наведуваат дека во двете фатални несреќи до авионските системи бил пратен погрешен податок за аголот на летање.

Како што наведуваат, планирале да ја обезбедат таа функција како стандарден дел од пакетот, но “не сфатиле” дека била достапна само доколку авио-компаниите дополнително ја купиле. Во “Боинг” велат дека планирале да се позанимаваат со овој проблем во подоцните верзии на софтверот.

Сите авиони “737 Max” се приземјени од март, по падот на авионот на “Ethiopian Airlines”, при што загинале 157 лица.

Пет месеци порано, 189 луѓе загинале во несреќа на “Lyon Air”.

Вкупно ширум светот до приземјувањето летале 387 авиони “737 Max”.