Зад секоја успешна приказна се крие многу работа, труд, посветеност и љубов. Токму таква, успешна е и приказната на салонот за убавина и нега „Бјути бар“ кој што во сабота ќе го прослави својот петти роденден. По тој повод екипата на „Мквести“ поразговара со сопствениците на салонот, брачниот пар Билјана и Томи Ристиќ кои што ни открија кои се нивни роденденски желби по повод овој голем и значаен јубилеј за нив.
Декември дефинитивно е месец на „Бjути бар“ со оглед на тоа што кон средината на месецот секоја година го одбележувате вашиот роденден. Овојпат ја заокружувате петтата година, односно го славите петтиот роденден, па ајде разговорот да го почнеме од тоа што си посакувате за овој јубилеен роденден и кои се вашите желби?
Велат дека кога работиш нешто со љубов не го чувствуваш товарот на работа и е исто како да не си работел ниту еден ден. Така и изминативе пет години беа исполнети со многу позитивни моменти, уживање во комуникацијата со редовните клиенти, креирањето на релации со нови клиенти и соработници, како и успешна реализација на планови во однос на насоката на бизнисот и квалитетот кој го нудиме. Желбите за 2020 година, а воедно и за наредните пет години во однос на изминатите пет ни се секако да продолжиме со истиот енергетски интезитет и квалитет на работа. Во моментов имаме можност за проширување на козметичкиот тим и се надеваме дека ќе додадеме член кој ќе ги прифати и шири нашите ставови за извонредна услуга кон клиентите и беспрекорен професионализам. Секако ќе имаме и многу новитети во однос на проширување на палетата на услуги во чекор со светските трендови во светот на убавината, а сепак со цени кои се пристапни и поволни за сите клиенти.
По што „Бјути бар“ се издвојува од останатите салони за нега и убавина во Скопје?
Веруваме во две суштински вредности, а тие се беспрекорна услуга и оснос кон и со клиентите и високо ниво на професионализам. Всушност овие две вредности се и првите две нешта кои новите клиенти ги забележуваат уште во првите пет минути од кога ќе влезат во нашиот салон. Горди сме на тоа и ќе продолжиме со истиот интезитет и стандард. Благодарни сме на клиентите за нивната поддршка, искреност и лојалност. По пет годишна работа можеме да кажеме дека сме број еден салон за странските клиенти и туристи. Нивните прекрасни пофални зборови и препораки зборуваат многу за квалитетот и реномето на „Бјути бар“ во однос на светските стандарди и она што се нуди во Скопје. Достапни сме за нашите клиенти во секое време. Тие можат да не контактираат преку социјалните мрежи од каде ги закажуваат своите термини , beautybar.mk е нашето име и на Инстаграм и на Фејсбук. Воедно тука можат да ја разгледаат и галеријата на фотографии од работата на нашиот професионален тим.
Декември дефинитивно е и месец на попусти во „Бјути бар“ . Што изненадувања им спремивте на вашите клиенти по повод роденденот?
Со огромен ентузијазам ги покануваме сите редовни и нови клиенти и секој еден кој сака да ја почувствува нашата вибрација да не посети во сабота, на 14 декември од 9 до 17 часот. Само на овој ден сите посетители или наши гости ќе имаат можност да добијат 15 проценти попуст на сите фризерско – козметички услуги и третмани кои ќе ги закажат тој ден. Традиционално како и секој роденден до сега, организираме и лотарија каде што секој е добитник на некоја награда – третман – попуст, а главната награда е целосен make over ( третман на лице, третман на тело, третман на коса). Ги покануваме сите клиенти да повелат на роденденско дружење, торта, шампањ и колачиња.
Дали можеме да дадеме кратко објаснување околу сите услуги кои што ги нудите?
Од фризерски услуги нудиме широка палета особено се истакнуваме во техниките на боење коса, нијансирање како и сите светски трендови, обре, балајаж, сомбре со висококвалитетни продукти и брендови од кои клиентите бираат бои со природен ефект и кои се на природна база, но и драматични бои за подрастични промени. Имаме голем избор на третмани за коса во однос на сите типови на коса и во однос на сезоната, тука би го споменала реномираниот Olaplex третман кој има обновувачки ефект врз екстремно оштетеното влакно со пополнување и обновување на оштетените дисулфидни микро конекции во фоликулот.
Козметичко естетските услуги се засноваат на hands on третмани, терапевт со клиент. Врвни третмани за нега на лице и тело за сите возрасти и сите типови на кожа. Палетата опфаќа третмани за освежување кои се препорачуваат за редовна нега , како и луксузни спа третмани за уживање и релаксирање. Рехабилитациони масажи со спа и сауна, како и ароматерапија и најновиот тренд на мадеротерапија. Тука ги вбројуваме и беспрекорните маникир и педикир, професионална шминка, надградба на трепки и ботокс на трепки, како и спреј тен третман за добивање на инстант тен без сончање и без посета на солариум.
Крајот на годината е резервиран секогаш и за сумирање на впечатоци и импресии. На што особено сте горди за оваа 2019- та година и кои се вашите планови во однос на годината која што доаѓа?
Горди сме на нашиот тим составен од прекрасни девојки кои пред се се врвни професионалци во својата професија. Ние сме една мала фамилија која се поддржува и цени во своите вредности, а воедно и се стреми на достигнување на уште подобри резултати преку континуирано учење на обуки, како и следење на светските новитети во однос на убавината и негата. 2020 година ја очекуваме со освежувачки елан за уште поголем успех, за проширување на тимот и зголемување на бројот на задоволни клиенти. Ќе продолжиме со широка насмевка да се грижиме и да ги разубавуваме нашите клиенти.
Разговарала: Јасмина Филиповска
Фото: Драган Митрески