Легендарниот хрватски фудбалер и сегашен тренер Славен Билиќ направи интервју со „Index.hr“ во кое се наврати на минатото и деновите минати во екипата на Хајдук Сплит.
За македонската јавност овој разговор е интересен поради сеќавањето на 52-годишникот на Купот на Југославија во сезоната 1990/91. Гигантот од Сплит ја освои титулата со победа над Црвена Звезда во финалето, но таму немаше да биде ако не беше спортскиот гест на битолски Пелистер.
„Немаше да дојдеме на Купот да не беа Пелистер и Мили Хаџиабдиќ. Кога доцневме на вториот натпревар во Битола, Пелистер нè чекаше, иако беше доволно само да се појави, за да го добие мечот со службени 3-0.
И друга работа. Мили Хаџиабдиќ ни вбризга дополнителен морал кога со такво срце го играше финалето против Црвена Звезда, иако неговата ќерка беше убиена пет дена порано. Затоа, благодарност на Пелистер и Хаџиабдиќ, не заборавајте да го напишете тоа“, потенцираше Билиќ.
Пелистерци го предизвикаа Хајдук во рамки од второто коло. На првата средба на гостински терен одиграа херојски 1-1, а потоа ремизираа во Битола со 2-2, но беа елиминирани поради помалиот број постигнати гола на гости.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)
















![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



