„Би-Би-Си“ открива: Ибрахимовиќ влезе во Хамарби заради едно нешто!

110

Додека навивачите на Малме беснеат и својот гнев за инвестицискиот потег на Златан Ибрахимовиќ во Хамарби го искажуваат кон неодамна поставената статуа од клубот каде што тој ги направи првите чекори, англиските медиуми ја анализираат неговата зделка.

Според англискиот националенс сервис, финансиските советници на Златан биле во право што „намирисале“ добар бизнис со Хамарби, бидејќи тоа е клуб кој е во залет.

– Она што Златан го купува е нивниот потенцијал, а тој доаѓа во вистински момент, – се вели во анализата.

Хамарби завршил на еден поен разлика од освојувачот на титулата, има можност да се експонира на европската сцена, а зад него стои верна публика која го полнела стадионот со капацитет од 30 илјади седишта дури и кога тимот бил во втората по ранг лига во Шведска, давајќи максимална поддршка. Интернационалната димензија е токму она што му треба на клубот од Стокхолм и тука капацитетите на Златан за медиумска атрактивност веројатно ќе бидат перфектни за потребите на клубот.

– Хамарби има потенцијал да стане најголем скандинавски клуб, – рекол Ибрахимовиќ за весникот „Афтонбладет“, а оцената на „Би-Би-Си“ е дека во тоа нема преувеличување.

Дополнително, се потенцира дека Хамарби игра допадлив, напаѓачки фудбал, а претходната сезона ја завршиле со позитивна гол разлика од 19 погодоци во своја корист.