Бесплатен паркинг за новогодишните и божиќните празници на паркиралиштата на ПОЦ

1300

По повод претстојните новогодишни празници, утре отворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) ќе работат до 15 часот, затворените паркиралишта и катната гаража до 18 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работат до 16 часот. Сите паркиралишта со кои стопанисува претпријатието на 1 јануари ќе бидат бесплатни за сите граѓани.

Како што соопшти ПОЦ, редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 2 јануари (четврток) со вообичаено работно време.

За време на божиќните празници на 6 јануари (понеделник) и 7 јануари (вторник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за граѓаните.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 8 јануари (среда) со вообичаено работно време.

Тимот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ на сите граѓани им посакува убави новогодишни и божиќни празници, се додава во соопштението.