Бензините повторно поскапуваат од полноќ

145

Регулаторна комисијата за енергетика донесе одлука за новата цена на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ. Трета недела по ред цените на бензините се зголемуваат, додека од полноќ дизелот ќе се продава по досегашната цена.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 56,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 45,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,446 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 35,843 ден/кг.