Белгиските инспектори во понеделникот испрашуваа поранешен слиужбеник на Министерството за финансии во врска со истрагата за наводно повлекување на парите на Гадафи од неговите блокирани сметки во белгиските банки, објави канцеларијата на бриселскиот обвинител.
Во октомври годинава беше откриено дека неколку милијарди евра мистериозно исчезнале од банкарските сметки на починатиот либиски лидер. Во тоа време, некои медиуми шпекулираа дека парите можеби биле искористени за финансирање разни милитантни групи во Либија.
По смртта на Гадафи во 2011 година, Советот за безбедност на ОН нареди блокирање на неговите средства. Во Белгија Гадафи имал сметки во четири различни банки. Сепак, подоцнежните извештаи укажаа дека каматата на овие сметки никогаш не била блокирана, а токму таа камата во износ од околу 2 милијарди евра сега недостига на сметките.














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















