Каталонски „Diario Sport“ денеска пренесува информација дека Барселона е силно заинтересирана на „Ноу Камп“ да го доведе стоперот на Милан, повремениот италијански репрезентативец – Алесио Ромањоли(26).
Поради финансиската криза во која се наоѓа каталонскиот клуб, се споменува размена. Миралем Пјаниќ и Фелипе Кутињо би отишле на „Сан Сиро“ за Ромањоли да заигра во тимот предводен од Роналд Куман.
Засега само еден детал спречува ваков развој на настаните – еден од двајцата играчи на Барса ќе мора да се согласи на намалување на платата.
Договорот на Ромањоли со „Росонерите“ истекува следната година, а наводно тој нема да се согласи на продолжување.
Од друга страна, Кутињо и Пјаниќ веќе одамна не се во плановите на Куман.
Ромањоли би дошол во Каталонија како замена на ветеранот Жерар Пике.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















