Доколку сакате автомобилски минијатури, овој автомобил едноставно не сакате да го заобиколите.
„Mazda“ е позната по своите иновации, но и големата креативност на нејзините инженери, па редовно знае да го изненади светот со своите по малку „откачени“ новитети. Еден таков новитет претставиле и кон почетокот на 1990-те години кога во Франкфурт на тамошниот саем за автомобили донеле класичен патнички куфер и го изложиле.

Неочекуваниот изложбен примерок предизвикал голем интерес бидејќи буквално станувало збор за најмалиот автомобил на светот. „Mazda Suitcase Car“, како што кажува самото име, бил токму тоа – автомобил во куфер, проектиран од страна на 7 инженери на компанијата кои во еден куфер сместиле се што е потребно за да биде во возна состојба.
Во куферот од „Samsonite“ со димензии 57х75 центиметри сместиле 3 тркала, волан, но и двотактен бензински мотор со зафатнина од 34 ццм. Со максимални 1.7 коњски сили, овозможувал брзина до 30 км/ч.
Вкупната маса на возилото изнесувала 32 килограми, што било една од причините зошто не го пуштиле во сериско производство. Којзнае, можеби денес со развојот на технологијата и електричните погони повторно ќе заживее некој сличен концепт.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











