Автомобил излета од патот Маврови Анови-Дебар, двајца повредени

100

Автомобил излета од патот Маврови Анови-Дебар на Скудринскиот мост, при што повредени се две лица, државјани на Албанија.

Повредените биле сопатници во автомобилот што излетал од патот. Според информациите, Џ.Б.(19) била пренесена во болницата “Свети Еразмо“ во Охрид, а Т.Е.(34) бил пренесен во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

loading...