Премиер лигата на Англија е сериозна во намерата да воведе правна повелба со која ќе ги ограничи клубовите од евентуално отстапување од УЕФА и приклучување во планот за Суперлигата.
По бурните 72 часа, колку што постоеше договорот на 12-те клубови, бројни критики и коментари беа упатени кон „големата шестка“ во Англија. Ливерпул, Манчестер Сити и Јунајтед, Арсенал, Челзи и Тотенхем имаа договор да играат во Суперлигата, но отстапија поради притисокот.
Сега, Премиер лигата ќе приложи нова повелба до сите сопственици на клубовите во Англија, со која ќе се обврзат дека доколку ги прекршат суштинските принципи, ќе бидат санкционирани на спортски и финансиски план. Исто така ќе се модифицираат правилата и прописите, со што ќе се осигура заштитата на отворено натпреварување, фудбалската пирамида и интегритетот на фудбалската заедница.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












