Американците предупредуваат: Хезболах во Европа складира експлозивни материи, амониум нитрат има и во нашето соседство!

97

Координаторот на американскиот Стејт Департмент за борба против тероризмот, Нејтан Сејлс го обвини Хезболах за складирање на хемикалии кои можат да се користат за правење на експлозив во неколку европски земји.

Тој ги повика европските, но и земјите ширум светот да воведат забрана на оваа организација. Инаку, станува збор за истите хемикалии кои доведоа до стравичната експлозија во Бејрут.

Зошто Хезболах чува амониум нитрат на европско тло? Одговорот е јасен – Хезболах го складира тоа за да изведе големи терористички напади кога нивните господари во Техеран ќе сметаат дека тоа е потребно“, изјави Сејлс.

Тој наведе дека оперативците на Хезболах ги преместиле залихите на амониум ниграт од Белгија во Франција, Грција, Италија и Шпанија и постои сомнение дека и натаму се складира оваа супстанца ширум Европа.

Сејлс изјави дека овие залихи и натаму се наоѓаат во Европа, најверојатно во Грција, Италија или Шпанија. Според него, Хезболах е „унитарна организација која не може да се подели на воено и таканаречено политичко крило“.

„Без целосна забрана, групата и натаму може да собира пари и да регрутира оперативци“, порача Сејлс и додаде дека Хезболах е „една организација“ и дека тоа е „терористичка организација“.