На интернет се појави снимка од новото тестирање на супермоќната американска авионска бомба „ГБУ-57“ која што популарно е наречена „мајката на сите бомби“.
Како што пренесуваат американските медиуми, бомбата била фрлена од стелт бомбардерот на военото воздухопловство на САД од типот „Б-2 Спирит“ кој што полетал од воената база „Витман“ во Мисури.
Оваа авионска бомба тежи 13 тони и има полнење од речиси 2,5 тони експлозив. Може да се пробие до 61 метар под површината на Земјата, а засега може да ја носи само бомбардерот „Б-2“.
Американското воено воздухопловство досега само еднаш ја има употребено оваа бомба. Тоа се случи во април минатата година кога бомбардер ја фрли бомбата „ГБУ-43/Б“ во Авганистан и тогаш Американците ја нарекоа „мајката на сите бомби“.
Според податоците на Пентагон, моќната експлозија ги разурнала подземните тунели на терористите, при што во експлозијата биле уништени дури 9,5 тони муниција и биле убиени 36 терористи.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



