Д-р Миланко Шеклер одговори на прашањата за кои луѓето најмногу се интересираат
Д-р Миланко Шеклер, доктор по ветеринарни науки од Институтот за ветеринарство во Краљево, првиот што го прочита геномот на коронавирусот со својот тим, беше гостин на утринската програма на ТВ Прва и објасни уште неколку дилеми за коронавирусот и вакцинацијата.
Д-р Шеклер неодамна ја прими првата доза на вакцината, а како да се однесуваме после тоа, д-р Шеклер вели:
– Се однесувам исто како и во претходните десет месеци. Целиот Институт е вакциниран и ние сè уште се придржуваме на сите мерки што се во сила досега – вели д-р Шеклер и објаснува што е важно по вакцинирањето:
– Секој треба да се однесува како и обично, да не создава некои стресови што ги немал порано – додава дека ако некој бил физички активен претходно, може да продолжи да тренира, но и дека не мора сега да започнува со спорт.
Кога вакцинираните ќе можат да се ослободат од заштитните маски?
– Податоците велат една недела, јас велам барем сите недели по втората вакцина. Тогаш нивото на антитела треба да биде близу до тоа платото – вели тој и објаснува дека со сите вакцини постои можност лицето кое е имуно да биде носител на вирусот, дека тоа не е случај само со вакцината за ковид-19.
А, дали е вистина дека не треба да се јадат јајца и млечни производи ден пред вакцинацијата, и дека внесувањето алкохол не се препорачува 12 часа по вакцинацијата, тој одговори:
– Порано се користеа вакцини на ембриони од пилешко, т.е. на пилешко старо 8-10 дена и кое е во јајце-клетката, тие вакцини содржаа јајца во нивниот состав, а луѓето кои се алергични на нив не смееле да ги примаат. Ова е стар метод и не се однесува на овие вакцини. А што се однесува до алкохолот – како порано. Умерена консумација, не може да се каже дека е забрането, но и не треба две недели да не излезете од кафулето – вели тој низ смеа.
А, дали голем физички напор, некои вклучуваат и водење љубов, може да ја намали ефикасноста на вакцината, д-р Шекелр вели:
– Ако имате физичка активност што не сте ја имале порано, на пример сега копате канали – да, тоа може да ја намали ефикасноста. Но, ако имате вообичаени активности како порано, нешто што правите секоја недела и водењето љубов со некого, тогаш тој не мора да ја намалува таа физичка активност. Ако некој го прави тоа еднаш годишно, тогаш тоа е друга приказна – објаснува тој повторно, низ смеа.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











