Алисон ван Витванк: Лезбeјка сум и тоа не е ништо заразно…

928

Белгијската тенисерка Алисон ван Витванк го привлече вниманието кон себе со победата над шампионката Гарбине Мугуруза (Шпанија) во второто коло на третитот грен слем турнир Вимблдон. Но, веднаш по победата 24- годишната Белгијка ги шокираше присутните во арената споделувајќи бакнеж со својата девојка Грет Минем, исто така тенисерка.

Вимблдон важи за турнир во кој традиционалните вредности се многу важни и ваквиот гест беше посочен како непримерен, но Ван Витванк останува на ставот дека не сторила ништо лошо, туку само ја споделила својата среќа со најблиските.

-Не станува збор за тоа дали се чувствувам послободно од претходно, едноставно сакав да сторам нешто, доста ми беше од криење. Бев среќна и сакав да го поделам тоа, најмалку важно е дали со маж или со жена. Никој не треба да се срами, лезбијка сум и тоа не е ништо заразно, мислам дека е добро што токму на најголемиот турнир ги открив своите чувства на оваа тема – истакна Ван Витванк.

Интересно на женскиот дел од турнирот е и тоа што од првите десет носителки само една ја преживеа првата недела. По изненадувачката елиминација на првата носителка Симона Халеп во третото коло на неофицијалното светско првенство во тенис, Вимблдон, во женскиот дел остана само една од ТОП 10 носителките.

Освен Халеп, елиминирани се уште Возњацки, Мугуруза, Стивенс, Свитолина, Гарсија, Квитова, Венус Вилијамс и Кис, а  честа на ТОП 10 носителките ќе ја брани чешката тенисерка Каролина Плишкова.

Таа во осминафиналето ќе се соочи со Кики Бертенс, додека покрај неа во игра за титулата остануваат Серена Вилијамс, Анџелика Кербер, Доминика Цибулкова и Јелена Остапенко.