67-годишниот Брахим, инаку Албанец од Косово кој на 20-ти мај ја искасапи сопругата Драгица која што имала српско потекло, осуден е на доживотна затворска казна.
Брахим Е. на сослушувањето признал дека го сторил злосторството, но сепак тврдел дека не сакал да ја убие и сето тоа се случило во афект.
Мотивот за ова убиство е љубомора, а Брахим пред судот повторувал дека ја сакал неговата сопруга и не сакал да ја убие. Меѓутоа, судијата донесувајќи ја пресудата, го зел во предвид и тоа што Брахим веќе претходно имал убиено две жени, а во 2008-ма година бил осуден на пет години затворска казна поради трговија со дрога.

Драгица пред да биде убиена, го напуштила својот сопруг и заминала да живее со синот. Таа во меѓувреме започнала и постапка за развод, а на ручек го повикала и Брахим. Меѓутоа, двајцата се скарале поради внуците, додека пак останатите роднини се обиделе да ја смират ситуацијата.
Сепак, Брахим успеал со нож да ја искасапи несреќната жена и да ја остави да лежи на улица облеана во крв. Тој се обидел да побегне, но граѓаните го спречиле во тоа. На полицајците им рекол дека сакал само да ѝ ги предаде документите за развод на Драгица и дека не сакал да ја убие.
Синот на жртвата сепак сведочел дека Брахим често ѝ се заканувал на неговата мајка и нагласил дека тој веќе бил во затвор поради убиство.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















