Холивудската актерка Ен Хатавеј во емисијата кај Елен Деџенерис признала дека имала проблеми со алкохолот.
Во оваа прилика Ен открила дека овој проблем го имала до пред три месеци, но го открила и начинот на кој решила да стави крај на сето тоа.
Всушност еден момент во нејзиниот живот бил пресуден да се откаже од оваа порочна навика.

“Престанав да пијам во октомври и тоа е за наредните 18 години, односно додека е мојот син во мојот дом. Тој сега е во години кога сум му потребна рано наутро”, рекла Ен и се потсетила на моментот кога одлучила дефинитивно да престане со алкохолот:
“Пред неколку месеци отидов мамурна во градинка. Тоа воопшто не ми се допадна”, признала оскаровката.
Во 2012-та година се омажила за актерот и бизнисмен Адам Шулман на традиционална еврејска церемонија. Синот Џонатан го родила во 2016-та година.












![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











