Ако ви треба идеја за интимно патување – магични мали градови во Европа

130

Иако можеби веќе сте слушнале, па дури и сте ги посетиле најпознатите места во Европа, на овој континент постојат локации кои не се толку популарни, но дефинитивно вреди да ги видите.

Доколку немате идеја за следното патување, a сакате да биде поинтимно и без хаосот кој го носат големите градови, дајте им шанса на овие мали магични градови во Европа:

1. Белаџо, Италија

Во Ломбардија, на езерото Комо, се наоѓа живописното место со богата историја познато како Белаџо. Овде можете да уживате јадејќи сладолед, шетајќи по тесните улици, а можете да ја посетите и базиликата Сан Џакомо, како и Музејот за уреди за навигација.

Во градот и околината има многу вили со прекрасни градини, од кои дел се отворени и за јавноста. Доколку одите во Белаџо за време на локалните фестивали, не заборавајте да го пробате традиционалниот колач, познат како „миаска“, кој се прави од пченично брашно и сушено овошје.

5-magichni-mali-gradovi-vo-evropa-02.jpg

2. Рејне, Норвешка

Ова мало, автентично рибарско село ќе ве остави без зборови. Овде ќе имате можност да уживате во убавините на Скандинавија, без разлика дали преферирате возење со траект, пешачење или кајакарство.

Во периодот од септември до април, Рејне е одлична локација за набљудување на спектакуларната поларна светлина, Аурора бореалис.

5-magichni-mali-gradovi-vo-evropa-03.jpg

3. Тун, Швајцарија

Градот се наоѓа покрај истоименото езеро и ќе ве привлече со неверојатната природа. На врвот на ридот над стариот град се наоѓа и бајковит замок од 12-тиот век, во кој има и историски музеј.

Доколу ова не ви е доволно, градот нуди и неверојатен поглед кон Алпите. Уште подобро е ако присуствувате и на фудбалски или натпревар за хокеј на мраз, а не заборавајте и на излетите со бротчиња.

5-magichni-mali-gradovi-vo-evropa-04.jpg

4. Бибури, Англија

Доколку сакате да ја видите вистинската Англија, тогаш посетете го Бубири. Во селото се наоѓа и прекрасна стара саксонска црква Света Марија. Овде можете да видите и куќи од 17-тиот век и камени колиби со стрмни покриви.

Најголемата градба е зградата на судот, која била изградена во 1633-та година.

Дел од колибите датираат од 1380-та година, кои најпрво монасите ги користеле за складирање волна. Селото е користено и како локација за снимање на многу филмови и серии.

5-magichni-mali-gradovi-vo-evropa-05.jpg

5. Мостар, Босна и Херцеговина

Во Мостар најзначаен е Стариот мост кој е одличен пример за отоманската архитектура од 16-тиот век. И самото име на градот потекнува од „мостарите“, односно чуварите на Стариот мост во средниот век.

Мостот е изграден во 1566-та година, по наредба на султанот Сулејман Величествениот, а градбата се наоѓа и на листата на УНЕСКО.

Покрај историските знаменитости и културните институции, не заборавајте да пробате и нешто од босанската кујна.

5-magichni-mali-gradovi-vo-evropa-06.jpg