Акиевска: Фитнесот ми го промени животот и сум многу горда на тоа!

6871

Денеска разговараме со личност која сакаме да ви го смени вашето размислување во поглед на здравиот живот и добриот изглед. Земајќи го фактот дека во развиените западно европски земји, трендот на здрав живот исполнет со фитнес и здрава храна расте, тогаш зошто да не биде така и кај нас. Секој сака да има добар изглед. Да изгледа здраво и да има постојано енергија за извршување на сите дневни овбрски. Таква личност е и Мери. Девојка која за кратко време покажа добри резултати и која веќе извесен период ја претставува нашата земја на европски натпревари.

Ти си личност за која допрва ќе се слуша во јавноста. Кариерата ја започна одамна, но ајде да се вратиме на почетокот. Претстави им се на нашите читатели

Здраво од мене до сите ваши читатели. Се надевам дека ова интервју ќе им биде интересно, а воедно и поттик на оние кои се уште немаат другарувано со вежбањето да ни се придружат во нашето секојдневие. Да одговорам на вашето прашање, со фитнес започнав од моите 18 години. Точно денот кога наполнив 18 години беше првиот ден кога започнав да вежбам. Престојував во интернат бидејќи не сум по потекло од Скопје, овде само запишав средно образование. Здодевниот итернатски живот и големата желба да правам нешто за мене беа главните причини да бидат повеќе физички активна.

Што и кој те натера да навлезеш подлабоко во ова професија? Која е мотивацијата?

По многу краток период резултатите на мене беа видливи. Кога уште на почетокот кога ќе добиеш позитивни резултати, тоа ти дава мотивација од ден на ден за се повеќе да се бавиш со ова.

Каде досега се имаш натпреварувано?

Со само четири месеци искуство, започав и со мојата прва подготовка за мојот прв натпревар на европко ниво во Унгарија. Таму го освоив третото место што и воедно претставуваше огромен успех за мене.

Дали си задоволна од постигнатите резултати од натпреватувањето? Како го оценуваш твојот физички изглед?

Па искрена да бидам, да добиеш одлична форма без суплименти и само со добри тренинзи и здрава исхрана за краток периор е невозможно за секој што ќе го чуе ова. Така да, верувајте дека сум задоволна.

Започна со вежбање во Sky Wellness. Фитнес и спа центар кој се наоѓа во склоп на „Џевахир Скај Сити“ и е достапен за секого. Што те натера да започнеш таму?

Sky Wellness можам да кажам дека е веќе мој втор дом. Поголемиот дел од денот го поминувам овде. Тоа што ме привлече да бидам дел од тимот се најдобрите услови за мојот потребен тренинг.

Ти исто така си и инструктор во Sky Wellness. На кој начин ги оддржуваш часовите?

Јас сум дел од тимот на инструктори кои можете да ги запознаете секој ден од седмицата. Исто така сум и персонален тренер кое мое искуство го споделувам на сите клиенти кои имаат потреба од помош или совет. Многу е битно каде вежбате. За добро здравје битни се многу фактори. Пред се просториите треба да бидат со највисоко ниво на хигиена, а вработените да се со највисоко ниви на знаење. Затоа ние имаме тим кој во секој случај настојува да им даде совет на сите почетници за правилен и здрав раст и развој.

 

Како би можеле да те контактираат заинтересираните коишто бараат фитнес тренер и теретана со базен и спа како Sky Wellness?

Луѓето кои се бават со професионално вежбање се доста отворени. Таква личност сум и јас. Секој што има потреба од совет за исхрана, персонален тренинг може да ме контактираат на мојот инстаграм профил, а тој е @meri_ifbb_akievska. Исто така, може да ме контактираат и на фејсбук профилот каде сум Meri Akievska или лично да ме најдат и да ми се обратат во Sky Wellness. Имаме и телефони кои се на располагање во работно време: 022454440. Работното време ни започнува од 06:00 до 22:00, а за празници од 08:00 до 22:00 часот. Во секој дел од денот има инструктор од кој можете да се советувате околу вежбањето.

Во Sky Wellness има и спа центар. Каков совет би им дала ти на читателите коишто во овој миг размислуваат да го посетат центарот? Како да го користат спа центарот?

Ова не е само фитнес центар, туку располага и со спа. Јас често посетувам спа по мојот добар тренинг за добра релаксација. Базенот е супер за уживање, а парната бања и финската сауна се секогаш тука за чистење на токсините. Верувајте дека ваков приоритет нема секаде.

Како за крај би сакале да знаеме што може да очекуваме од тебе во иднина. За што се подготвуваш во моментов? Кое и каде е твоето следно натпреварување?

Од мене очекувајте голем број натпревари. Ова година се очекува триумф на КУП натпреварот кој ќе се оддржи на 20-ти април кој сам по себе претставува квалификации за учество на европско и балканско првенство во 2019-та година.

Исто така, ова година ќе ја претставувам нашата држава на бодибилдинг првенство кое ќе се оддржи од први до седми мај во Санта Сузана во Шпанија, а веднаш потоа од седумнаесети до деветнаесети истиот месец имам балканско првенство во Грција. Натпреварите за мене се огромен успех. Пред се поради тоа што ќе бидам таму и ќе сум дел од тие првенства.

Што им препорачуваш на девојките што се двоумат околу стартување со фитнесот? Дали треба да ви се придружат во Sky Wellness?

Не треба никоја да се мили и да чека да дојде време за летната шема или да имаат повод поради кој ќе стартуваат со фитнес. Бидете одлучни! Секој може да одвои еден час од денот и да се посвети на изгледот. Посетете го Sky Wellnes и уживајте во нашите услуги. Овде вежбате со најдобрите, добивате совети од најдобрите и ќе ги добиете за скоро време најдобрите резултати.