Меган Маркл изненади со промената на имиџот на првото појавување во јавноста откако беше објавено дека нема да присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс.
Војвотката од Сасекс го претстави ТЕД говорот на нејзината пријателка и фотографка Хариман во видео обраќање.
Многумина беа изненадени што 41-годишната Меган се појави со посветла боја на косата во црвеникава нијанса и минимална шминка на лицето. Токму нејзиното лице привлече најголемо внимание, поради што многу корисници на социјалните мрежи почнаа да шпекулираат дали направила козметички зафати.
„Пластична хирургија?“, „Тажната Меган Маркл навистина сака да биде Кејт Мидлтон“, „Таа е толку опседната и љубоморна на принцезата од Велс што носи контактни леќи со лешникова боја за да личи на Кејт“, „Не знам дали е филтерот или тоа е навистина добар коректор, но нејзините темни кругови изгледаат многу подобро“, се само дел од реакциите на луѓето на Твитер.
За потсетување, Маркл неодамна проговори за писмата кои ги праќала до кралот Чарлс по интервјуто со Опра Винфри. Во писмата до кралот, кој тогаш беше принц од Велс, Меган го именувала лицето кое давало расистички коментари за изгледот на нејзиниот син Арчи.
Вестите за писмата се појавија во медиумите две недели пред крунисувањето на новиот британски крал, на кое Меган нема да присуствува. Војвотката од Сасекс ги негирала наводите дека писмата имале некаква врска со тоа што таа не присуствувала на крунисувањето.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)

