Во Северна Македонија за прв пат ќе има промена во учебниците по одлуките на мешовитата македонско-бугарска комисија.
Историчарите меѓу себе се согласиле дека историската наука го признава Самуиловото царство како бугарско, дека светите браќа Кирил и Методиј својата литературна дејност ја развиле во Преслав и Охрид – тогаш дел од средновековната бугарска држава. Слични промени се предвидени и за животот и делото на св. Климент Охридски и Св. Наум Охридски.
Од тие причини македонските претставници на мешовитата историска комисија предлагаат заедничко чествување на овие историски личности.
Клучен предлог е да се нагласи во учебниците за 6-то одделение во Македонија дека нема врска помеѓу Античка Македонија и современата македонска држава.
Ќе има уредување и на текстови во бугарски учебници за 5-то одделение.
Сите одлуки ќе треба да бидат одобрени од владата. Комисијата ги продолжува дискусиите за 19 и 20 век, каде според македонските историчари се очекуваат најтешки прашања.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















