Времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот претежно во западните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степен. УВ индексот ќе изнесува 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје претежно сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 31 степен.
УХМР најавува дека утре ќе има зголемена облачност и локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни. Од утре до петок ќе дува засилен до силен северен ветер и дневните температури ќе бидат пониски за три до шест степени.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















