Автобуската трагедија во Бугарија од рано утринава е главна вест и во регионалните и во глобалните медиуми.
Голем дел од нив пренесуваат детали за трагедијата, а посебно внимание посветуваат на тоа дека меѓу загинатите има и деца. Дел од нив анализираат и дали причината за несреќата е човечка грешка или проблем со самиот автобус. Пораки со сочувство за настраданите пристигнаа од сите соседни држави, вклучително и од Европската Унија. Еврокомесарот за проширување Вархеји преку социјалната мрежа Твитер напиша:
„Ужасни вести за трагичната автобуска несреќа во Бугарија рано утрината. Моите мисли и сочувство се со семејствата и пријателите на загинатите како и со луѓето и властите на Македонија. Им посакувам брзо заздравување на повредените“.-Оливер Вархеји – Еврокомесар за проширување.
Сочувство пристигна и од американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз.
-Во име на Американската амбасада, би сакала да изразам сочувство до семејствата кои ги загубија саканите и нашата поддршка за тие кои се повредени и чии срца се полни со болка поради трагичната автобуска несреќа. Напите мисли се со вас во ова тешко време. – напиша Брнз.
Сочувство за настраданите преку телеграма до македонскиот државен врв изрази и српскиот Претседател Вучиќ кој на повредените им посака и брзо и успешно закрепнување.
-Не постојат зборови со кои може да се опише болката што ја споделуваме со граѓаните на вашата земја. Молчејќи пред оваа трагедија, упатуваме молитви за утеха до семејствата на жртвите и до целиот ваш братски народ –стои меѓудругото во телеграмата од – Александар Вучиќ – Претседател на Србија.
Нема зборови за утеха во оваа трагедија напиша на социјалните мрежи албанскиот премиер Еди Рама кој изрази длабоко сочувство за настраданите.
-Нема зборови на утеха за трагедијата на автобусот од Македонија во Бугарија, каде што животот го загубија речиси сите патници.Огромна болка, напиша – Еди Рама – Премиер на Албанија.
Слична порака упати и грчкиот премиер Мицотакис кој порача дека нивните молитви се упатени до семејствата на оние кои ги загубија животите и им посака брзо закрепнување на повредените.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











